Донации на свадбата на Елена и Ѓорге во Струмица

4

Хуманоста е прекрасна особинa. Да се биде алка во синџирот на добрината значи несебично да се помага на оние на кои навистина им е потребно. Својата добрина со прекрасен хуман гест ја покажаа  Елена од Струмица и Ѓорге од Богданци. На свадбената покана тие ги повикаа гостите наместо цвеќе да подарат љубов за децата од ЈУ Завод за заштита и рехабилитација Бања Банско- Струмица.

Елена и Ѓорге ни покажаа дека “Секогаш е добро време да се направи нешто добро”.

Секоја чест за идејата и реализацијата. Се надеваме дека  овој прекрасен гест ќе биде мотивација за сите нас кои можеме да помогнеме некому и да донесеме радост и насмевки.

Елена и Ѓорге Ви посакуваме уште многу среќни и весели денови исполенти со уште повеќе мали дела на добрина. <3

Ваш коментар