КРЕАТИВНАТА ПИЦЕРИЈА КОЈА ХРАНИ БЕЗДОМНИЦИ СО ЛИВЧИЊА POST IT

4

Мејсон Вортман има пицерија во Филаделфија која ја нарекол Пицеријата на Вортман. Со желба да им помогне на бездомниците во градот, што во Филаделфија претставува огромен проблем, тој отпочнал една идеја во која им овозможува на купувачите со секое парче пица што ќе го купат да дадат и еден долар за парче пица за бездомниците.  Купувачите потоа нивната донација да ја стават на пост ит ливче на ѕидот. Бездомниците потоа може да го земат тоа ливче и со него да добијат бесплатно парче. Од февруари 2016 пицеријата има дадено повеќе од 16.000 парчиња пица.  Ова е приказна за како правењето добри дела може да стане заразно и да придонесе кон доброто на заедницата.

Сопственикот на пицеријата Вортман е изненаден како може нешто толку едноставно и скромно да биде толку моќно и да влијае врз животите на луѓето кои имаат голема потреба од помош.

Повеќе детали за оваа прекрасна приказна можете да видите на следното видео: https://www.youtube.com/watch?v=brzjeICcIt0

Извор: https://www.gooddeedrevolution.org/free-slice-post-its/

Ваш коментар