Луѓе кои со своите дела го менуваат светот

0

Светски шампион во бокс гради куќи за илијадници сиромашни лица

Боксерската легенда Мани Пакиајо доаѓа од многу сиромашно семејство во Филипините и работел исклучително напорно за да се стекне со светска слава. Тој успеал да победи во осум различни дивизии и потоа откако го заработил својот прв милион изградил 1000 куќи за сиромашните фамилии во неговиот роден град Танго.
Храбар Сириец останува во Алепо кое е уништено од војната за да се грижи за напуштени мачки

Алаа Јалеел си го ризикува животот со тоа што останува да живее во Алепо, Сирија со единствена цел: да се грижи за оние на кои им е потребно тоа обезбедувајќи им храна и засолниште. Ова ги вклучува стотиците мачки кои се напуштени со сите случувања, вкчучувајќи и мачка која му била дадена од мало девојче кое било принудено да ја напушти државата. „Му ветив на девојчето дека ќе му ја вратам мачката кога ќе се вратат назад со семејството“, вели Алла.

Учител прави Клуб на џентлмени за децата кои доаѓаат од семејство со еден родител
Рејмонд Нелсон, учител во Основно училиште во Северна Каролина, забележал дека многу од неговите ученици имаат проблеми со однесувањето. Заради тоа решил да го отвори „Клубот на џентлмени“ и им купил на своите ученици сакоа, елеци и вратоврски и почнал да ги учи на основните животни вештини и лекции. Секоја недела, тие дискутираат на нова тема, како на пример како да врзат вратоврска, како да зборуваат со повозрасни лица, како да ги третираат жените и други интересни теми. Строгиот начин на облекување го поткрепува моралниот кодекс затоа што маж во костум не може да се однесува како насилник.
„Знам дека голем дел од нив страдаат затоа што голем дел немаат маж во куќата, па сакам само да пораснат и да размислуваат за нештата на кои јас ги учам“ – вели Нелсон

Извор: https://www.wimp.com/12-inspirational-examples-of-good-deeds-in-2016-that-made-us-proud-of-humanity/

Ваш коментар