Неколку прекрасни приказни кои ќе ве натераат да поверувате во човештвото

2

Полицаец кој спасува животни

Млад полицаец од Јужна Каролина неодамна објави слика од неговиот нов „Партнер“ – мало маче кое било спасено благодарение на повикот од некој граѓанин. Полицаецот кој решил да го вдоми ова прекрасно маче има некоја форма на засолниште за животни во својата куќа: мачка со мали мачиња и неколку кучиња живеат таму. Тие велат дека новиот пријател е повеќе од добредојден.

novo1


Бездомник и помогнал на девојка и бил воодушевен од нејзината благодарсност

Никол доцнела за нејзиниот последен воз од Лондон кога станицата затворила и била принудена да остане на улица цела ноќ. Помошта пристигнала од бездомник чие име е Марк. Тој ја испратил до кафетерија која работела 24 часа и потоа утрото назад до станицата. За да ја искаже својата благодарност Никол лансирала кампања за прибирање на средства за Марк и за луѓето како него и успеала да собере повеќе од 13 илјади фунти за многу кратко време.

slika2

Милијардер го дал цело свое богатство на научници

Олав Тон, 92 годишен милијардер од Норвешка решил да го донира цело свое богатство (од прилика 6 милијарди долари) да помогне при финансирањето на медицински истражувања. Мораме да истакнеме дека нема деца што значи нема наследници кои би биле лишени од своето богатство. „Јас секако нема да можам да си го земам богатството со себе“  – се смее Олав, „си го имам мојот велосипед и моите скии, а и не јадам многу.“

slika3

 

Полицаец приредува огромно изненадување

slika4

Полицаец кој сакал да му напише казна на некој човек кој немал седиште за детето во неговата кола го прашал зошто го нема ставено таму. Тогаш открил дека човекот е многу сиромашен и одвај врзува крај со крај па отишол во најблискиот трговски центар и самиот му купил седиште.

Мачки бездомници во Полска биле вдомени и нахранети

Во Полска има многу мачки скитници и локалната влада смислила план за како да им помогне. Специјални куќички за таквите мачки биле изградени со мали финансиски средства и секој кој ставал ваква куќичка до својата добивал залихи од храна за мачки за зимата. Архитектите исто така ја зеле во предвид и психологијата на мачките: сите соби во куќичките се одделни и секоја има свој посебен влез, и животните нема да мора да толерираат несакани гости.

slika5

Овие млади момци ги косат тревниците на луѓе кои самите не можат да го направат тоа

Двајца младичи од Алабама решиле да и помогнат на 93 годишна бабичка да си го искоси тревникот и со тек на време тоа прераснало во хуманитарно здружение. Денес, цел тим од волонтери им помага на постари граѓани, на граѓани со инвалидитет и на самохрани мајки да се погрижат за нивните тревници, додека прекрасни луѓе од различни земји ширум светот праќаат средства за градинарите да можат да купуваат материјали и алатки.

slika6

Извор: http://brightside.me/wonder-people/12-heart-melting-stories-that-make-you-believe-in-mankind-176755/

Ваш коментар