НЕКОЛКУ ПРЕКРАСНИ ПРИКАЗНИ ОД 2016 КОИ ДОКАЖУВААТ ДЕКА ИМА НАДЕЖ ЗА ЧОВЕШТВОТ

3

Во Канада, авио-компаниите евакуираа 80.000 луѓе и миленици

Кога силни пожари го отцепија Форт МекМуреј од остатокот од светот започна масовна евакуација. Десетици илјади луѓе мораа да го напуштат градот со авиони најбрзо што може. Но што да се направи со нивните миленици? Правилата за животни се многу строги а патниците немале време да ги поплнат сите документи пред нивниот лет. За среќа, менаџментот на авио компаниите им дозволил на сопствениците да си ги земат животните со себе во кабината и сите биле спасени.

1

Возач на камион за ѓубре и посакува среќен роденден на малото девојче кое му мавтало од прозорец цела година

Секој четврток малото девојќе Бруклин му мавтала на собирачот на ѓубре кој поминува покрај нејзината куќа. Шоферот и отпоздравува и и свири во знак на поздрав. „Бруклин се навикна на ова толку многу што со нетрпение очекуваше да дојде четврток секоја недела. “ – напиша мајката на девојчето во објава на Facebook. Роденденот на Бруклин беше во четврток и таа и кажала на мајка и дека сака конечно да го запознае насмеаниот чичко со ѓубрето и да му понуди торта на овој убав ден. Тој поминувал од таму како и секогаш кога ги забележал Бруклин и нејзината мајка како му мавтаат, па застанал да го запознае своето мало пријателче. Тој и кажал дека секој четврток се обидува да заврши со работа колку што е можно порано за да помине откај неа и да и каже здраво.

2

 

Студентите кои го повторија чинот на доделување на дипломите за да може да учествува нивниот соученик кој бил во сообраќајна незгода

 

Кога Скот Дан се разбудил од кома, првите зборови на неговата мајка беа: Кој ден е денес? Дали го пропуштив дипломирањето? Младиот Скот се радувал многу на овој важен ден но поради сериозна автомобилска несреќа тој бил во болница. Веднаш штом момчето заздравело, директорот на училиштето ги исконтактирал неговите родители и им кажал дека училиштето направило нешто посебно за нивниот син.  Наскоро неговиот клас дошол облечен за дипломирањето за да одржат втора церемонија на која дипломата ќе ја прими само Скот.

3

Стрјуардеса хранела постар човек кој неодамна добил удар

 

71 годишен човек кој имал удар кратко пред неговиот лет му било дадено седиште со приоритет каде има повеќе простор но излегло дека тоа нема да му го олесни летот. Кога патникот требало да јаде, стрјуардесата забележала дека се мачи и дека не може да ја држи лажицата па се наведнала да го нахрани и да му ги избрише солзите откако почнал да плаче затоа што бил трогнат од грижата и љубезноста на непозната личност.

4

Ваш коментар