Препорака за филм: “Големата риба”

1

 

   “Големата риба” е американски игран филм, во режија на Тим Бартон. Главните улоги ги играат: Јуан Мекгрегор и Алберт Фини.

   Едвард Блум отсекогаш бил раскажувач на драматични приказни за својот живот во младоста, кога неговата страст за патување го одвела од еден мал град во Алабамаво разни места ширум светот и пак назад. Со своите чудни приказни за џиновисијамски близначки-пејачки, вештерки, бури, тој успева шармира секого што ќе го сретне, освен својот отуѓен син, Вил. Кога мајката на Вил, Сандра, ќе се обиде да ги зближи, Вил ќе мора да научи да ги раздвои реалноста и фантазијата, особено кога станува збор за доживувањата на неговиот татко.

   Во овој филм ќе се соочиме со големите примарни вредности кои секој човек треба да ги има пред себе, и со Искреноста, Посветеноста, Жртвувањето, Ценењето на семејните вредности и Храброста, особини кои секој човек треба да ги изгради и да ги цени и промовира во општеството и средината во која живеее.

Прекрасна бајка која нас не остави без зборови.

Се надеваме дека и вам приказната ќе ви се допадне.

Ваш коментар