Препорака за филм: “Pay it Forward” (2000)

0

 

 

 Ако некој ви направи услуга, нешто големо, нешто што не може да го направи на свој, и наместо да побара да му се оддолжите за тоа на било кој начин,  бара од вас да направите три добрини за други тројца луѓе, дали ќе прифатите?

Пред да одговорите , замислете каков круг правите.  За еден ден ќе станат  27 лица, а ако секој кој прифати предизвик побара од тројца исто нешто, за две недели, бројот доаѓа до  4.782.969 луѓе. 

Тоа е пораката која ни ја носи филмот “Pay it Forward”. Снимен во 2000 година, со Кевин Спејси, Хелен Хант и Хејло Џоел Осмент во главните улоги, преку приказната за професорот кој на своите ученици им го пренесува Предзивикот за Добрината, и како тој прифатен предизвик менувам  многу животи, ни се приближува концептот за добрина и на нам. И тоа не менува.. А со тоа, може да смени цело општество.

Личните приказни во филмот се приказни кои можеме да ги сретнеме околу нас. Тревор, неговата Мајка, Професорот, Јаков, тоа се лицата околу нас. Да погледнеме , дали можеме ние некому да помогнеме. И да не се плашиме да го сториме тоа!

Наздравје гледање прекрасен филм.

Ви ветуваме дека ќе ве промени!

 

 

Ваш коментар