Препорака за книга : “Уметноста на Среќата” од Далај Лама и др. Хауард Катлер

1

“Уметноста на Среќата” е книга напишана од Др.Хауард Катлер во која се расплинуваат ставовите на Далај Лама и Будизмот како учење за личната среќа како нераскинлив дел од општата добросостојба на целата заедница, општество,  човештво.

Развивањето на човековата Добрина, Сочувство и Хуманост.  Далај Лама ги става на пиедесталот на процеси , со кои доколку успееме да ги изградиме овие карактерни особини, секако ќе не одведат до личната среќа и мир. Во неговиот концепт за личен мир човековата Добрина, Сочувство и Хуманост се врв на емоцоналната интелигенција. Јасно и едноставно ни ги прикажува предностите кои секој од нас би ги имал како индидуа доколку научиме како да ја чувствуваме туѓата радост, исто како и туѓата болка. Како единствени супреми за градење на Соврешен Мир со “Своето Јас” и со целиот Свет околу нас. Ставот на Далај Лама дека секој поединец и Човештвото во суштина се Добри, ни ја враќа надежта дека сепак, Светот е убаво место за живеење…

 

Извадоци од книгата  “Уметноста на Среќата” од Далај Лама и др. Хауард Катлер  :

Од сите негативни состојби на мозокот, бесот и желбата за одмазда се можеби најлошите. Тие не само што ни го попречуваат патот до среќата, туку може да резултираат и со сериозни здравствени проблеми. Бесот ни ја попречува способноста за правилно расудување на нештата и може да придонесе за брзи и ирационални одлуки.

Многумина сметаат дека страдањето и тешките периоди се непотребен дел од животот и се гледаат себеси како жртви на судбината. Но страдањето е неизбежен дел од сечиј живот и во суштина она што нема да ве убие ве прави многу посилни. Колку повеќе душата се става на искушение толку посилна излегува. Наместо да обвинувате некој друг за вашата состојба, научете да се справите со лошиот период и да излезете похрабри и поискусни.

Сочувството и хуманоста ви овозможуваат да ги погледнете работите од туѓа перспектива, а со тоа да не бидете себични. Откако ќе помогнете некому и вие исто така се чувствувате подобро самите за себе. Сочувствувајте со другите, пред да ги осудите пробајте да разберете како размислуваат и како дошле до одредена ситуација во животот. Фокусирајте се на нештата кои ви се заеднички и најдете решение за да помогнете онолку колку што можете. Кога сакате секогаш може да најдете начин да пружите помош, а сочувствувањето со другите ќе ве направи посреќни и похумани личности.

Наздравје читање 🙂

Ваш коментар