Споделете идеја за добрина

2

Обидете сe уште денес да направите добрина. И уживајте во неа. А потоа потрудете се да ви стане навика. И на крај поттикнете некој да направи добрина. Како?

Можете да ја пренесете добрината која Вие сте ја направиле. Можеби ќе биде поттик за некој друг да направи иста или слична добрина.

Или пак, уште поедноставно – споделете идеја за добрина. Немате идеја? Посетете ја нашата веб страна www.malidelanadobrina.mk и таму најдете идеи за мали дела на добрина кои може да ги споделите со своите пријатели.

И така и тие ќе се поттикнат да направат и споделат добрина на кој начин ќе направете еден синџир на добрина каде таа идеја ќе се продолжува.

Не заборавајте, добрината е “заразна” 🙂

Ваш коментар