За страницата

Концептот на “Мали дела на Добрина” е проширување на добрината и секој од нас да биде трансмитер на истата.

Секое добро дело, колку и малечко да ни личи, за некого е бесценето. Една обична насмевка може да разубави ден, еден телефонски повик да разбие нечија осаменост, едно “Те сакам” да сруши многу sидови, малата поддршка за некого да биде потик да ги искачи највисоките планини, подадената рака почеток на најдоброто пријателство…

Секој од нас, како алка во синџирот на Добрина, е еден носител на таа идеја. Нашето мало дело на Добрина за некого ќе биде инспирација и тој самиот да направи Добрина на некого. И така, ланецот и кругот на Добрина се шират.

Малите дела се носители на Големите промени.
Влезете во кругот, и бидете и вие промената која сакате да ја видите во Светот.

mali-dela-na-dobrina-logo-550x75 (1)