Жена ја наоѓа медицинската сестра која и го спасила животот пред 38 години

1

Како бебе Аманда Скарпинати била однесена во Медицинскиот Центар Албани во САД со сериозни изгореници од апарат за готвење на пареа. За време на нејзиното опоравување, млада медицинска сестра се грижела за неа. Сликите од нив две заедно се објавени во годишниот извештај на болницата од 1977 кои Аманда си ги чувала цел живот надевајќи се дека ќе ја најде жената за да и се заблагодари.

Многу години Аманда безуспешно ја барала жената чие име го немало во извештајот. Со цел да ја најде ја објавила приказната на социјалните медиуми и за многу кратко време ја наоѓа сестрата – Сузан Бергер.Сузан се сеќаваше на девојчето „Таа беше многу смирена. Вообичаено кога бебињата излегуваат од операција или спијат или плачат. Но не и таа. Беше многу смирена.“ Две недели подоцна тие се сретнале во Центарот каде започнала приказната пред 38 години.

На сликите Сузан имала само 21 година и детето во нејзините раце било еден од првите пациенти. Таа не очекувала таков топол пречек по 38 години. „Не знам колку медицински сестри имале такво искуство. Да има некој кој се сеќава на вас после толку време.“

 

Извор: https://brightside.me/wonder-people/this-woman-found-the-nurse-who-saved-her-life-38-years-ago-248560/untitleduntitled-1

Ваш коментар